Кој е бизнисменот што платил 3,3 милиони долари за ручек со Ворен Бафет?
Анонимен учесник во наддавањето за ручек со милијардерот Ворен Бафет понуди 3,3 милиони долари и победи, пренесоа американските медиуми. Онлајн аукцијата завршила вчера вечер. На аукцијата се собрани средства за Фондацијата „Glide“, кои им помагаат на бездомниците во Сан Франциско.
Рекордната сума која победниците во аукцијата во 2012 и 2016 година ја платиле, имено 3 456, 789 долари, останува најскапата добротворна понуда во eBay (eBay).
Бафет собрал за фондација „Glide“ над 26 милиони преку своите аукции во последните 18 години. Лицата кои учествуваат во наддавањата продолжуваат да плаќаат големи суми за да имаат можност да разговараат со познатиот инвеститор и филантроп, кој раководи со седиште во Небраска Беркшир Хатавеј (Berkshire Hathaway). Бафет вели дека му биле поставени разни прашања за време на ручекот. Единствената тема која не ја коментирал е што ќе биде неговата следна инвестиција.
