Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ДОБИВА 10.000 ДОЛАРИ! Уапсен осомничениот за пукањето врз тројца палестински студенти во Вермонт

КОЈ ДОБИВА 10.000 ДОЛАРИ! Уапсен осомничениот за пукањето врз тројца палестински студенти во Вермонт

Американската полиција соопшти дека уапсила лице осомничено дека пукал во тројца палестински студенти во Берлингтон, Вермонт.

Си-Ен-Ен јавува дека полицијата го идентификувала Џејсон Џеј Итон (48) како осомничен за нападот и го уапсила вчера попладне по локално време.

Се наведува дека Итон живеел во стан во близина на местото каде што се случило пукањето, а бил уапсен на местото на нападот, каде се вратил.

Итон денеска треба да се појави пред судот, а полицијата во текот на денот ќе одржи прес-конференција на која ќе разговара повеќе за случајот.

Би-би-си претходно објави дека Советот за американско-исламски односи (CAIR) нуди награда од 10.000 долари за информации за сторителите на нападот.



Имено, како што објавија медиумите, белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал.

- Сите повредени се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега. Двајца се наоѓаат во стабилна сосотојба, додека третитот има сериозни повреди - изјавија од полицијата.

Студентите биле застрелани на улица додека се враќале од посета на роднина во Бурлингтон за празникот Денот на благодарноста. Од полицијата посочија дека двајца од младите носеле куфии, традиционални арапски црно-бели шамии, во моментот на нападот.

- Без да каже нешто, напаѓачот испукал најмалку четири истрели од пиштолот, а потоа побегнал - рече началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад, додавајќи дека двајца биле погодени во торзото, а третиот во долните екстремитети. 

Властите веруваат дека „нема дополнтелна информација за мотивот на осомничениот.“ Детективи работат на местото на настанот и земаат примероци, додека од Федералното биро за истраги изјавија дека „се подготвуваат да го истражат“ инцидентот.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести