Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој бил напаѓачот од Охајо?

Кој бил напаѓачот од Охајо?

Директорката на американскиот департмент за јавна безбедност Моника Мол рече дека идентитетот на осомничениот, кој е мртов, е Абдул Разак Али Артан.

Претходно анонимен  извор изјави за американските медиуми дека тој е роден во Сомалија и престојувал легално во САД.

Властите соопштија дека Артан го застрелал полицаец, откако со автомобил тргнал кон толпа луѓе, а потоа и со нож ги нападнал. 

Девет лица се повредени, од кои еден е во критична состојба.

Артан се жалел на социјалните мрежи од малтретирање над муслиманите, соопшти Си Ен Ен, цитирана од ТАСС, истакнувајќи дека „органите на прогонот не ја исклучуваат можноста за терористичка трага во нападот".


Слично

Поврзани вести