Кој е новиот премиер на Франција?
Бернар Казнев е новиот премиер на Франција.
Тој беше назначен по оставката на Мануел Валс.
Францускиот претседател, Франсоа Оланд го назначи денеска за нов премиер досегашниот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на Елисејската палата.
Казнев ќе го замени Валс кој поднесе оставка, за да се вклучи во трката за претседателските избори во Франција напролет.
Новиот француски премиер, на 53 години, беше министер за внатрешни работи од 2014 година и успеа да се справи со реакцијата на смртоносните напади извршени од џихадисти во земјата минатата и оваа година, забележува Франс прес.
ТАСС го опишува Казнев како еден од најблиските луѓе на Оланд. По доаѓањето на претседателот социјалист на власт во 2012 година, тој беше на голем број позиции во Владата, вклучувајќи ја и функцијата државен секретар за европски прашања, а потоа за буџетот.
