Кои земји тајно ја снабдуваат Украина со оружје?
Има и земји кои тајно ја снабдуваат Украина со оружје.
„Одредени западни земји му обезбедуваат воена помош на Киев и покрај тоа што јавно го негирале тоа“, изјави во петокот украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба.
Кажа дека во такви случаи оружјето се доставува преку трети лица. На оваа тема тој зборуваше во интервју за францускиот весник Парижанин. Иако Кулеба не соопшти детали и се претпоставува дека тоа се големите сили во НАТО кои уште не „пресушиле“ со своите резерви. Само во текот на летото, Украинците испукаа од 6.000 до 7.000 гранати дневно, а Русите од 40.000 до 50.000.
САД повторно ќе обезбеди модерно оружје за Украина.
фото EPA-EFE/SERGEY KOZLOV
Слично
