Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји се преполни со туристи ?

Кои земји се преполни со туристи ?

Кои земји во светот се преполни со туристи секој ден?

Сајтот "FiveThirtyEight" изнесува многу љубопитни факти за ова прашање, имајќи за цел да ги истражува земјите со најголема густина на туристи.

Потполно очекувано, Ватикан - најмалата држава во светот, сместена во срцето на милениумскиот Рим, го зграпчува првото место во рангирањето на земјите со масовна посетеност од туристи и мал број на население.

При население од 860 луѓе, во малата град-држава дневно влегуваат околу 4 270 лица. Тоа значи дека туристите во неа го надминуваат нејзиното население со 83,6%.

Андора е втората земја во љубопитниот распоред. Со население од 78 360 лица, туристите, кои се наоѓаат во земјата секој ден, се изедначуваат во просек на околу 34 000 луѓе.

На трето место е Палау со население од 20 754 лица и 2 664 туристи на дневна основа.

Туристите на Бахамите пак секој ден се изедначуваат во просек на 9% од населението.

Во рангирањето се наоѓаат уште земји како Монако, Малта, Сан Марино, Малдиви, Антигва и Барбуда, Исланд, Сејшелите, Сингапур, Кипар и Барбадос.

Обработка И.Р. (World Bank; FiveThirtyEight.)

Слично

Поврзани вести