Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји праќаат војска на Гренланд?

Кои земји праќаат војска на Гренланд?

Данска објави дека нејзината војска ќе го зголеми своето присуство на и околу Гренланд, додека се засилуваат заканите од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го преземе островот, за што не исклучи и употреба на сила.

„Ова вклучува распоредување на војници, бродови и летала. Тоа ќе биде направено во тесна соработка со нашите сојузници, бидејќи геополитичките тензии се проширија на Арктикот“, соопштија данските вооружени сили.

Данска додаде дека во засиленото обезбедување на Гренланд ќе учествуваат и војските на Германија, Франција, Шведска и Норвешка.

Пред денешната средба на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Вашингтон, Доналд Трамп порача дека сѐ освен американска контрола на Гренланд е неприфатливо.

Министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, кажа дека клучен приоритет е да се зајакнат безбедноста и одбраната на Гренланд, што ќе се постигне во тесна соработка со сојузниците од НАТО.

Трамп пак вели дека НАТО треба да му помогне за да го преземе Гренланд. Некои земји сметаат дека ако САД го нападне островот, ќе се доведе во прашање постоењето на НАТО. 

Слично

Поврзани вести