Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kои земји поддржуваат ембарго на руската нафта?

Kои земји поддржуваат ембарго на руската нафта?

Ќе има нови санции против Русија. Германија го поддржува ембаргото за увоз на руска нафта. 

Германија ја поддржува Европската Унија во намерата да воведе ембарго на увоз на нафта од Русија, извести новинската агенција ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Засега само неколку европски земји го блокираат ембаргото на испорака на нафта од Русија. Тоа се Унгарија, Австрија, Словачка, Шпанија, Италија и Грција.

Новиот пакет санкции против Русија, освен постигнатото укинување за купување на нафта, може да вклучува и понатамошни санкции против банкарскиот сектор, посебно Сбербанка, како и ограничувања против поголем број физички и правни лица.

Доколку лидерите на Унијата одлучат да воведат ембарго на рускиот ураниум, тоа би влијаело и на постоечките реактори изградени од Русија и на новите нуклеарни проекти што ги спроведува „Росатом“ во Западна Европа, пишува Политико. 

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, западот воведе сет на санкции. 

Слично

Поврзани вести