Кои земји ја контролираат светската енергетика?
Оваа недела во Турција се одржа Светскиот енергетски конгрес и енергетиката беше меѓу најдебатираните темите во светските агенции. Виталниот за луѓето сектор, кој има огромни размери и генерира големи добивки е контролиран само од неколку држави.
CNBC наведува во статијата кои се тие и во кои индустрии се најсилни. Податоците се на Светскиот енергетски совет:
1. Нафта - Саудиска Арабија - 526 милиони тони годишно
Производството во земјата започнува во 1938 година, откако денес нафтениот и гасниот сектор се одговорни за 50% од економијата на земјата.
2. Јаглен - Кина - 2,48 милијарди тони
Иако продолжува да биде лидер во индустријата, азиската земја произведува помалку јаглен во последните години. Во август производството падна за 11%.
3. Природен гас - Русија - 576 милиони тони
Се смета дека државниот гигант „Газпром“ ги држи најголемите резерви на сино гориво во светот.
4. Хидроцентрали - Кина - 61,4 милиони тони
Во 2015 година земјата изгради нови хидроцентрали со 19,4 гигавати капацитет.
5. Атомска енергија - САД - 22,7 милиони тони
Во САД тоа е главен извор на електрична енергија, откако 19,5% од струјата таму се произведува токму во такви централи.
6. Ветерна енергија - САД - 10,3 милиони тони
Тој добива се поголемо значење во Северна Америка. Во минатата година инвестициите во секторот достигна 128 милијарди долари
7. Геотермална енергија - САД - 1,29 милиони тони
Од Меѓународната агенција за енергетика посочуваат уште во 2011 година, дека овој вид енергија има огромен потенцијал и може да гарантира околу 3,5 отсто од производството на електрична енергија во светот.
8. Сончевата енергија - Германија - 25 гигавати
Обновливата енергија обезбедува околу 30 отсто од електричната енергија во најбогатата европска држава.
