Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји имаат најмалку празници?

Кои земји имаат најмалку празници?
Србија, Унгарија, Норвешка, Велика Британија и Мексико - ова се земјите кои имаат најмалку празници и неработни денови годишно, покажа истражувањето на консултантската куќа Мерцер ЛЛЦ. Оваа компанија изброи девет државни празници во Србија годишно, по 8 во Унгарија, Норвешка и Велика Британија и 7 во Мексико. На врвот на листата, пак, се Колумбија и Индија со дури 18 државни празници, како и Либан, Јужна Кореја и Тајланд - со по 16. Сепак, Србите иако се најдоа на дното на листата, признаваат дека се склони кон поврзување на празничните денови и викендите, со што бројот на неработни денови во оваа земја е далеку поголем. И покрај сите верувања за азиските народи како најработливи, статистиката покажала дека токму Азија на глобално ниво води по бројот на празници во текот на годината, по што следуваат Јужна Америка, Западна Европа, Централна и Источна Европа, Блискиот Исток, Африка и на крај Северна Америка. Во Евроопа, најмногу празнуваат Финците со дури 15 дена што се водат како државни празници.
Слично

Поврзани вести