Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои земји имаат најголем број шверцери на мигранти?

Кои земји имаат најголем број шверцери на мигранти?

Лидер е Турција, а зад неа се Сирија и Романија.

Бугарија се искачи на четвртото место во Европа по бројот осомничени за шверц на мигранти, покажуваат податоците на Европол.

Осомничените за шверц на нелегални имигранти во Бугарија се речиси 170 лица. Лидер е Турција со над 400, потоа  Сирија со повеќе од 360 лица, а трета е Романија со повеќе од 200 осомничени.

Оваа година во топ 10 влегуваат уште Египет, Ирак, Украина, Полска, Велика Британија на 9-то место и Сенегал на 10-то.

Во првите осум месеци од оваа година Европол има регистрирано повеќе од 12.000 нови осомничени за шверц на илегални мигранти. Со познато потекло сепак се само под 4.000 од нив, односно  помалку од една третина од осомничените.

Европол забележува дека клучна промена при трговијата со илегални имигранти оваа година има во изборот на рутата. Во последните недели се забележува раст на преминување во реонот на источниот Медитеран, но и покрај тоа сообраќајот во централниот Медитеран во Италија останува најмногу користен.

Слично

Поврзани вести