Кои вакцини се ефикасни против индискиот сој?
Вакцините на база на мРНК се ефикасни против индискиот сој на коронавирусот. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази.
Такви се вакцините на Фајзер/Бионтек и Модерна, соопшти Европската агенција за лекови (EMA). Податоците презентирани од европскиот регулатор за ефикасноста на вакцините мРНК против видот Б. 1.617 се „охрабрувачки“, вели Марко Кавалери, претседател на работната група на ЕМА.
Индија досега има над 260.000 починати, а за 24 часа имаше над 4.000 жртви. Вирусот се шири и во руралните средини каде живее најголем дел од индиското население. Индискиот сој го има во повеќе од 44 земји.
foto freepik
Слично
