Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои тројца европски лидери добија честитка од Путин?

Кои тројца европски лидери добија честитка од Путин?

Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин испратил новогодишни и божиќни честитки до голем број државници, но само тројца европски лидери ја добиле неговата порака и тоа српскиот претседател Александар Вучиќ, унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Руската влада потврдила дека честитки биле испратени и до лидерите на земјите-членки на БРИКС, на државите од глобалниот југ, како и на повеќето лидери од Заедницата на независни држави. Меѓу нив се наоѓаат претседателите на Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, Казахстан, Киргистан и Белорусија.

Путин испратил пораки и до лидерите на Северна Кореја, Куба, Венецуела и на Никарагва, како и до неколку поранешни државници, меѓу кои Герхард Шредер, Нурсултан Назарбаев и Раул Кастро.

Посебно внимание предизвикало тоа што честитка примил и Папата Лав XIV, редок потег со симболичен дипломатски тон.

Меѓу лидерите на НАТО, според официјалната листа, честитки биле испратени само до американскиот претседател Доналд Трамп и до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

foto Kremlin

Слично

Поврзани вести