Кои три земји бараат прекин на воените дејствија во Сирија?
Три земји бараат прекин на огнот во Сирија.
Претседателите на Турција, Русија и Иран се согласија дека ќе соработуваат со цел постигнување траен прекин на војната во Сирија.
Ова е соопштено по состанокот на претседателите на трите држави.
Тројцата претседатели се договориле за обезбедување мир на теренот, заштита на цивилите во зоните без конфликт и побрзо доставување на хуманитарната помош.
„Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани ја потврдија решителноста за активна соработка во Сирија со цел постигнување траен прекин на огнот меѓу завојуваните страни“- стои во соопштението.
Москва и Техеран, кои ги поддржуваат властите во Сирија, и Анкара, која ги поддржува бунтовниците, се спонзори на мировните преговори во Астан кои доведоа до воведување четири зони без конфликт со цел смирување на судирите во Сирија.
Ердоган, по средбата со колегите од Русија и Иран, Владимир Путин и Хасан Рохани, на денешната прес-конференција посочи дека територијалниот интегритет на Сирија ќе зависи од дистанцирањето од сите терористички групи.