Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои три НАТО земји не ја исполниле целта за издвојување два проценти од БДП за одбрана?

Кои три НАТО земји не ја исполниле целта за издвојување два проценти од БДП за одбрана?

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска изјави дека Словенија, Албанија и Чешка не ја исполниле целта за издвојување два проценти од бруто-домашниот производ за одбрана во 2025 година. 

Руте додаде дека речиси сите земји членки на Алијансата ја исполниле целта од два процента од БДП за одбраната.

„Албанија, Чешка и Словенија не ја постигнаа оваа цел минатата година, иако се обврзаа не само да стигнат до неа, туку и да ја надминат“, изјави Руте.

Тој додаде дека станува збор за вкупно околу една милијарда долари средства за одбрана кои сè уште не се обезбедени од овие три земји.

Според него, оваа сума е релативно мала во споредба со вкупните средства што ги издвојуваат сите сојузници.

„Добиваме извештаи од сите сојузници дека навистина ги зголемуваат своите трошоци. Многу од нив веќе достигнаа пет или 3,5 проценти. Сликата навистина е добра, а тоа е неопходно бидејќи мора да бидеме способни да се браниме“, рече Руте.

Тој посочи дека во 2025 година за одбраната биле издвоени 90 милијарди долари повеќе отколку претходната година.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести