Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се жртвите на Мохамед Булел?

Кои се жртвите на Мохамед Булел?

Братот на 31-годишниот Мохамед Булел негираше дека нападот во Ница е негово дело.

Откако 31-годишниот Мохамед Булел прегази над 80 лица и рани над 200 други со голем камион, тој уништи иднината и среќата на десетици семејства. Видете кои се жртвите на напаѓачот од Ница надвор статистиката.

27-годишен продавач во киоск за цигари и весници по  име Тимон Фурние загина во вчерашниот напад во Ница, спасувајќи бремена жена во седмиот месец жена, токму пред камионот да ја прегази, раскажува неговата братучетка, цитирана од светските агенции.

Татко и син од Тексас, кои отишле на одмор во Европа со своето семејство, исто така се меѓу жртвите на смртоносниот напад, соопштија денеска нивни блиски, цитирани од американските медиуми.

51-годишниот Шон Коупланд и 11-годишниот син Броди загинале вчера вечерта во нападот, изјави нивен семеен пријател.

Преживеаните членови на семејството се во Ница, скршени се и не сакаат да даваат изјави за медиумите.

При вчерашниот напад на крајбрежниот булевар „Промнад дез Англија" во Ница загинаа 84 лица, вклучувајќи и многу луѓе кои се дојдени на одмор и деца.

Слично

Поврзани вести