Кои се трите услови на Зеленски за да преговара со Путин и Трамп?
Украинскиот претседател Володимир Зеленски има три услови за преговори со рускиот колега Владимир Путин и американскиот Доналд Трамп.
„Приоритетите се апсолутно јасни. Прво, да се запре убивањето и Русија мора да се согласи на примирје“, напиша Зеленски на социјалната платформа X.
Како втор приоритет за самитот со рускиот претседател Владимир Путин, инициран од неговиот американски колега Доналд Трамп, Зеленски рече дека тој мора да биде дизајниран да доведе до вистински траен мир.
Украина постојано повторува дека решение за војната веројатно ќе се најде на состанок на шефовите на држави. Зеленски ја истакна потребата од долгорочна украинска безбедност како трет приоритет, кој мора да се воспостави заедно со САД и Европа.
Зеленски објави дека ќе разговара телефонски со голем број европски партнери,
првенствено со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел
Макрон. Во меѓувреме, украинскиот претседател објави дека овие разговори се одржале.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со германскиот канцелар
Фридрих Мерц, а фокусот бил на завршување на војната и мировниот процес.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
