ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се трите точки за кои Украина сака да разговара со Русија?

Кои се трите точки за кои Украина сака да разговара со Русија?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.

„На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди дека Москва го поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека сè уште не е договорен датум.

„Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.

Руската делегација сè уште ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински. Високи функционери како што е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров сè уште не учествуваат во преговорите.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

фото Фејсбук/Володимир Зеленски

ad
Слично

Поврзани вести