Кои се последиците од Брегзит за глобалната економија?
ЕУ ќе ја напушти Британија - шестата економија во светот и трета во Европа.
Во групата со САД, Кина, Јапонија, Германија и Франција, Британците се на листата на економски најмоќните држави во светот.
И нема економист кој не предвидува пад за британската економија. Референдумот може да доведе до намалување на британскиот БДП со три до седум процентни поени. Повеќето економисти сметаат дека Островот ќе западне во рецесија, која може да трае од втората половина на 2016 година до крајот на 2017 година. Британија извезува една третина од годишното производство на стоки и услуги.
Иако ова е помалку од делот на извозот на Германија (кој е 40%), околу половина од извозот е за земји од ЕУ. Сега, зa договорите со европските земји треба да се преговара, a тоа значи претежно повисоки трошоци за трговија и повисоки царини за британските производи. Ова ќе ги направи помалку атрактивни за странските купувачи.
Веднаш по референдумот фунтата падна на најниско ниво за последните 30 години.
