Кои се најзадолжените земји во светот според ММФ?
Највлијателните земји во историјата се и најзадолжените земји денес , според последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд ( ММФ ) . Најмногу задолжената земја во светот во моментов е древната сила Грција , чиј нето долг изнесува 173 % од БДП . Други историски супер сили во првите 20 на најзадолжени земји во светот се: Италија , Египет , Португалија , Шпанија , Франција , Велика Британија , Јапонија и САД , пишува Forbes .
Грција има големи проблеми - не само затоа што има многу висок сооднос на долгот кон БДП , од која и да било друга земја , но и поради тоа што БДП-то на земјата продолжува да се намалува . Грчката економија се очекува да се намали за шеста година по ред , овојпат убедливо ќе е со 4.2 % .
" Ако вашите приходи се намалуваат секоја година , како ќе ги исплатите обврските ? ", прашува финансискиот новинар Метју Лин . " Во пракса тоа нема да се случи , ако не ги промениш работите . "
Од ММФ предвидуваат дека БДП на Грција ќе престане да се намалува во 2014 година и ќе расте со околу 3 % годишно во следните четири години . Мерките за штедење ги намалија огромните грчки дефицити , но земјата има долг пат за да ги намали обврските .
Уште неколку земји од еврозоната имаат слични проблеми како оние на Грција . Италија , Португалија и Шпанија , исто така, се очекува да забелажат економска криза во 2013 година , но по примерот на Грција , нивните економии се очекува да започнат бавно да се зголемуваат во 2014 година. Јапонија е на второ место во рангирањето на ММФ со обврски во износ од 140% од БДП . Економијата на Јапонија , која е третата најголема во светот по САД и Кина , се очекува да расте со помалку од 2 % годишно до 2018 година.
Пет други земји во светот , исто така имаат обврски кои ги надминуваат нивниот БДП . Тоа се Либан , Португалија (очекувани 118 % за 2013 година ) , Гренада ( очекувани 116 % за 2013 година ) , Италија ( очекувани 110% за 2013 година ) и Ирска .
" Порано или подоцна тие ќе треба да западнат во обврските ", вели Лин . "Во принцип , кога обврските го надминуваат БДП , тоа е огромен проблем . Тие веројатно не можат да бидат исплатени ".
САД е рангирана на 10 -то место во рангирањето со обврски во износ од 87% од БДП . Како апсолутна вредност , сепак државата има поголеми обврски од која и да било друга страна - 14.6 трилиони долари. Износот е два пати поголем од оној на втората задолжена земја во апсолутна вредност - Јапонија . Долгот на Јапонија се зголеми за 10 трилиони долари во изминатата деценија.
Земјите во развој се чини дека имаат помалку обврски од традиционалните светски сили . Бразил пример е седмата најголема економија во светот , но нејзините обврски изнесуваат 34% од БДП . Податоците на ММФ , сепак, покажуваат дека Кина е трета во светот по заштеди , кои изнесуваат 51% од БДП .
Слично
