Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се највредните брендови во светот?

Кои се највредните брендови во светот?

Новата листа на највредните брендови во светот е објавена, а на неа се наоѓаат две кинески компании.

Компанијата „Алибаба“ влезе во првите десет највредни брендови и на тој начин и се приклучи на кинеската технолошка компанија „Тенсент“.

На деветото место сега се наоѓа „Алибаба“, основана од Џек Ма, чија вредност двојно се зголеми во однос на минатата година и сега изнесува 113 милијарди долари, откако компанијата почна да работи и со плаќање преку мобилен телефон.

„Тенсент“ е на петтото место со вредност од 179 милијарди долари, а во првите десет влезе минатата година. Сега е пред „Фејсбук“.

Оваа компанија е специјализирана за онлајн игри, апликации и сервиси за инстант пораки и онлајн плаќања.

Сепак, на прво место и натаму е Гугл, вреден 302 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести