Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најскапите урагани во САД?

Кои се најскапите урагани во САД?
Иако сезоната на урагани во 2012 година започна релативно добро, со полесни штети отколку претходните невремиња, Сенди си го стори своето. Се уште се пресметуваат трошоците од последните штети, но повеќе од сигурно е дека последното невреме што го погоди САД ќе се најде на листата  урагани кои предизвикаа најголеми економски штети на целиот регион. Според осигурителните компании, ова се досега петте најскапи урагани кои ја погодија територијата на САД, според сумите исплатени само од осигурителните компании. 5. Чарли (2004) - $ 8,755 милијарди  Времетраење на невремето: 13-14 Август, 2004 Погодени области во САД: Флорида, Северна Каролина, Јужна Каролина 4. Вилма (2005) - $ 11,676 милијарди Времетраење на невремето: Октомври 24, 2005 Погодени области во САД: Флорида 3. Ајк (2008) - $ 13,050 милијарди  Времетраење на невремето: 12-14 Септември, 2008 Погодени области во САД: Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки, Луизијана, Мисури, Охајо, Пенсилванија, Тексас 2. Андреј (1992) - $ 22,939 милијарди  Времетраење на невремето: 24-26 Август, 1992 Погодени области во САД: Флорида, Луизијана 1. Катрина (2005) - $ 46,591 милијарди  Времетраење на невремето: 25-30 Август, 2005 Погодени области во САД: Алабама, Флорида, Џорџија, Луизијана, Мисисипи, Тенеси
Слично

Поврзани вести