Кои се најсигурните валути во светот?
Најсигурни валути во светот се швајцарскиот франк, како и норвешката и шведската круна, но добро е да се штеди и во рубљи, смета директорот на „Sberbank“, Герман Греф.
„Тоа се три земји кои според зачувување на валутата во смисла на нејзината стабилност, девалвацијата, здравата макроекономска политика на владата, доволните ресурси за поддршка на валутата, се доминанти над останатите во светот“, изјави Греф.
„Sberbank“ спроведе истражување со цел да открие кои светски валути се најстабилни. Оценети биле 33 земји, пренесува агенцијата Итар тас.
За најсигурни валути беа именувани швајцарскиот франк, норвешката и шведската круна.
- Според нашето мислење овие земји се фаворити за одржливо зачувување на стекнатите средства, изјави шефот на „Sberbank“, Герман Греф.
Тој додаде дека при истражувањето е земена во предвид и ликвидноста на валутата.
Најголема ликвидност има швајцарскиот франк. Секојдневната ликвидност на оваа валута достигнува околу 80 милијарди долари, што е доволно да ги задоволи потребите на приватните лица и граѓани, укажа Греф.
Според неговите зборови, во следната група се валутите на Тајван, Сингапур и Малезија. Сингапурскиот долар е приоритетен во оваа група.
Руската рубља според овој рејтинг се наоѓа на 11-тото место.
А.А.
Слично
