Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најпознатите кинески брендови за 2012-та?

Кои се најпознатите кинески брендови за 2012-та?
На врвот на овогодишната топ 10 листа на кинески брендови составена од „CNNMoney“ има неколку нови технолошки компании, додека други брендови како што е на пример Леново, не се најде на листата. На првите пет места се најдоа технолошките гиганти и банките. Така, најдобар кинески бренд е „China Mobile“, една од најголемите телекомуникациски компании во светот со голем потенцијал за раст, кој може да стигне и до 1,3 милијарди корисници. Зад неа се наоѓа банката „ICBC“, која е основана во 1984 година, но се повеќе се шири во странство и ја ужива поддршката на владата. Третото место и припадна на уште една од државните банки - „China Construction Bank“. Таа профитираше благодарение на финансирањето на огромните инфраструктурни проекти. Меѓу првите пет го најде своето место и „Baidu“, познат како кинескиот Гугл, кој има неверојатни 79 % од интернет пребарувањата во Кина. Овој дел од топ листата ја затвора уште една технолошка  компанија „Tencent“, која е лидер во дигитални комуникации со водечки онлајн портали кои нудат игри, а развија и софтвер за паметни телефони кој дозволува мобилен чет. Остатокот од топ листата го сочинуваат различни компании. Како шеста на листат се најде Земјоделска банка на Кина, а седма осигурителната компанија „China Life Insurance“ .Осигурувањето инаку е голем бизнис во Кина кој се повеќе расте и има голем потенцијал. Осмото место и припадна на „Bank of China“. Последната десетка ја заокрижуваат компанијата „Moutai“, која е единствена од листата што се бави со производство на храна и пијалоци, а најпозната е по своето производство на оризово вино. Десетта пак е кинеската нафтена компанија „Sinopec“,  која најверојатно ке се најдеше на самиот врв доколку нема притисок на властите за намалување на цените на енергијата, што пак директно влијае на профитот.
Слично

Поврзани вести