Кои се најголемите светски работодавци?
На прво место се наоѓа најголемата воена сила на светот: Американското Министерство за одбрана. Не е ни чудно да има најмногу вработени, а бројката изнесува 3.2 милиони.
На второто место е уште една воена сила, овој пат онаа од источната страна. Народноослободителната војска на Кина вработува дури 2.3 милиони луѓе. Помалку од Американците, но ако земеме во предвид колку војни водат, мораме да признаеме дека Кинеската спремност и тоа како импресионира.
На третото место се наоѓа најголемиот американски, светски и трговски ланец Walmart. Оваа компанија вработува нешто помалку од кинеската војска, околу 2.1 милион луѓе. За сега постои во 15 држави надвор од Америка, а меѓу најголеми се трговските ланци во Мексико и Канада.
На четврто место се наоѓа мегапознатиот и мегаомразениот ланец на брза храна McDonald's, во кој низ целиот свет, па и во Македонија, работат 1.9 милиони луѓе.
И повторно се враќаме на државните компании. Следна на листата се наоѓа Државната здравствена служба во Обединетото кралство, а потоа следат две кинески: нафтена компанија и компанијата за дистрибуција на електрична енергија. Следни се Индијците со железницата и Вооружените сили на Индија, а десетти на листата се наоѓа приватната компанија во Кина - Foxconn.
Ова е целокупната листа:
1. Американското Министерство за одбрана - 3.2 милиони луѓе
2. Народноослободителната војска на Кина - 2.3 милиони луѓе
3. Walmart - 2.1 милиони луѓе
4. McDonald's - 1.9 милиони луѓе
5. Државната здравствена служба во Обединетото Кралство - 1.7 милиони луѓе
6. Кинеската државна нафтена компанија - 1.6 милиони луѓе
7. Дистрибуција на електрична енергија, Кина - 1.5 милиони луѓе
8. Индијската железница - 1.4 милиони луѓе
9. Индијската вооружена сила - 1.3 милиони луѓе
10. Foxconn - 1.2 милиони луѓе
Слично
