Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се најдобрите градови за живот во Европа?

Кои се најдобрите градови за живот во Европа?

Данскиот град Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците.

Зад него, на второ место се наоѓаат градот Берн во Швајцарија, а третото место го делат градовите Женава и Хаг.

Градовите во Скандинавија, Холандија и Швајцарија се најбројни во топ 20 градови за европските емигранти. Ова го покажуваат податоците на консултантската куќа ЕЦА Интернешнал.

Единбург е единствениот британски град меѓу 20-те најдобри, а Абердин се наоѓа на 21 место.

Даблин и годинава се наоѓа меѓу првите десет градови, делејќи го деветото место со Гетеборг и Луксембург.

За споредба, лани главниот град на Австрија, Виена, по деветти пат е прогласен за метропола со најдобар квалитет на живот во светот, додека најнеквалитетно живеат во Багдад. До ваков заклучок дојде Меѓународната консултантска агенција „Мерсер“.

фото Википедија

Слично

Поврзани вести