Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ СТОЈАТ ЗАД АФЕРАТА ПАНАМА: Писател и син нацист ги чувале парите на светските моќници!

КОИ СЕ ЛУЃЕТО КОИ СТОЈАТ ЗАД АФЕРАТА ПАНАМА: Писател и син нацист ги чувале парите на светските моќници!

„Mosak Fonseka“ е адвокатска компанија со седиште во Панама која преку ноќ стана светски позната бидејќи се наоѓа во центарот на најголемата глобална измама некогаш, наречена „Панама пејпер“ (Документите на Панама).

Се до вчера, таа компанија беше крајно дискретна во своите бизниси со подолга листа на угледни клиенти и репутација на доверливи адреси за криење пари од даночниците.

Меѓутоа, вчера во светот одекна веста дека благодарение на оваа компанија се переле многу пари, а вмешани се многу светски политичари и други познати личности.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/enjiniadamasii/status/717291392742137856?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Ова е злостроство, казнено дело. Ова е напад на Панама, бидејќи на некои земји не им се допаѓа што сме толку конкурентни во привлекувањето на компании“, рекол Рамон Фонсека, еден од основачите на „Mosak Fonseka“.

Но, кој стои за оваа фирма чие седиште се наоѓа во Панама Сити?!

Фирмата во 1979 година ја основале Јирген Мосак и веќе споменатиот Фонсека. Мосак е роден во Германија во 1948 а во Панама се преселил со семејствоото, каде се здобил со диплома од Правен Факултет. Тој човек, кој со својот партнер до вчера ги чувал тајните на богатствата на глобалната елита, е син на Ерхард Мосак, нацист и припадик на злогласната СС единица која се смета за елитна Хитлерова единица.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/InfobaeAmerica/status/717016455133458432?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Zidojče Cajtung“ пишува дека таткото после војната паднал во рацете на Американците како член на „Врколаците“, единица која требало и после поразот на Третиот рајх да продолжи со герилската борба.

Мосак во 1948 година се преселил во Панама каде живеел се до 1970-тите кога се вратил во Минхен каде и умрел дваесет години подоцна. Во американските досиеја наводно стои дека Мосак, по доаѓањето во Панама, и ги понудил своите услуги на ЦИА и дека од Панама ги шпиунирал комунистите на Куба.

panama-foto-reuters-april-2016-1459848152-879747

Од друга страна , Фонсека е роден во 1952 година, и така дипломирал право, но и студирал на престижната Лондонска школа за економија. Во младоста планирал да биде свештеник, но се предомислил. Автор е на десетина романи, некои со наводно многу престапна содржина.

ramon-fonseka-foto-youtubeprintscreen-1459850751-879785

Пред да се спои со Мосак, Фонсек водел мала фирма, а двоецот започнал со офшор бизнис отворајќи компанија на Британските Девствени острови. Кога таму е забрането работењето со анонимни компании, Мосак Фонсека го вратиле бизнисот во Панама, а дел и на карипскиот остров Ангвил. При една прилика, пред неколку години, Фонсека  на некој новинар отворено му признал дека тој и Мосак „создале чудовиште“.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/wikileaks/status/716695935288524801?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Нивната компанија има разгранет бизнис по малите пацифички острови, како островчето Ниуе, каде толку заработиле од своите офшор регистрации што во буџетот на тој остров учествувале со дури 80 одсто. Додека Мосак Фонсека се обидувал по пат на интернет да го санира лошот имиџ кој ги поврзувал со перење пари и затајување на данок, интересот за нивниот сомнителен бизнис бил се поголем, бидејќи на пример, за споредба, во Бразил бил вплеткан во голем корупциски скандал во кој била вклучена и државната нафтена компанија Петробрас.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/nEngOAzk0fM[/embed]

 Во појавените документи се наведува дека панамската фирма соработувала и со угледни банки како „HSBC“, „Сосиет Женерал“, „Креди Свис“, „Дојче банка“...

Посебно во очи паѓа името на „HSBC“ банка, која инаку лани се најде во центарот на скандал кога е откриено дека им помагала на богати клиенти да избегнат плаќање на данок.

„Креди Свис“ и „Сосиет Женерал“ побрзо издале соопштенија во кои ја демантираат соработката со панамската фирма, додека останатите одбиле да коментираат.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/F6XnH_OnpO0[/embed]
Слично

Поврзани вести