КОИ СЕ КАТАЛОНЦИТЕ И ШТО САКААТ: Им го уништија идентитетот, им го укинаа јазикот
Каталонците се народ кој живее во Каталонските земји, односно во Валенсиа, Балеарските острови, Арагон, Роусилон, на југоистокот од Франција и во самата Каталонија.
Референдумот кој вчера се одржа и беше забранет, не се одржа во сите Каталонски земји, туку само во Каталонија на североистокот од Шпанија каде живеат 7.5 милиони жители.
Ова подрачје сочинува 15% од популацијата на Шпанија и 20% од нејзината економија.
Каталонците имаат своја култура, јазик, историја, а најпознат меѓу нив е сликарот Салвадор Дали.
Каталонија прв пат се спомнува во 12 век, односно стотина години пред обединување со Шпанија.
Во времето на Францис Франко нивната култура е потисната.
Било забрането да се зборува на каталонски јазик, а на децата морале да им даваат шпански имиња.
Во 1979 година обновен е статутот за автономија на Каталонија.
Регионот со 17 заедници има своја полиција, и право да одлучува за образование, здравство и социјална заштита.
По должничката криза во 2008 година напорите за целосна самостојност се зголемија.
Само во Барселона која е туристичка атракција живеат 1.6 милиони луѓе, а референдумот од вчера е втор во рок од три години.
