Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се двете лица кои спремале убиство на украинскиот министер за одбрана Резников?

Кои се двете лица кои спремале убиство на украинскиот министер за одбрана Резников?

Откриена е голема руска завера. Две лица се подготвувале да го убијат украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников. 

Украинската безбедносна служба уапси две лица кои наводно планирале да го убијат министерот Резников и шефот на воената разузнавачка агенција. Уапсените се осомничени дека се на платен список на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, објави „Гардијан“. Маж од регионот Луганск влегол во Украина од Белорусија и е приведен во градот Ковел во северозападна Украина, заедно со уште еден осомничен. На осомничените, жители на источниот регион Луганск, руските агенти наводно им ветиле 150.000 долари за убиството. 

Западниот печат не може самостојно да ги потврди овие наводи, а ниту Кремљ ниту руските државни медиуми засега не реагираат.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари, украинската страна во неколку наврати објави дека имало обиди за атентат на претседателот Володимир Зеленски, кои беа спречени. Имаше и уапсени лица. 

фото Твитер СБ Украина

Слично

Поврзани вести