Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои се десетте земји со најинтелигентно население?

Кои се десетте земји со најинтелигентно население?

Нова студија откри кои држави можат да се пофалат со титулата „најпаметни“. Анализата на порталот World of Card Games зеде предвид голем број фактори, вклучувајќи го бројот на номинации за Нобелова награда, просечниот коефициент на интелигенција (IQ) и процентот на население со високо образование, а Швајцарија се најде на врвот.

Планинската европска земја ја надмина конкуренцијата со импресивен резултат од 92,02 од 100. Швајцарија има 1.099 номинации за Нобелова награда, а просечниот коефициент на интелигенција на нејзините жители е 99,24. Покрај тоа, може да се пофали со највисок процент на возрасни со најмалку факултетска диплома – 40,02 отсто, додека 18,05 отсто имаат магистерска диплома.

Според студијата, најпаметните земји во светот се:
1.Швајцарија
2.Обединето Кралство
3.Соединети Американски Држави
4.Холандија
5.Белгија
6.Шведска
7.Германија
8.Полска
9.Данска
10.Финска

foto Wikipedia/Sandro Senn

Слично

Поврзани вести