Кои народи се најсреќни во светот?
Најзадоволни од животот се граѓаните на Фиџи, Кина, Филипини, Виетнам.
Ова го покажува истражувањето на „Галуп интернешнл" направено во 66 држави.
Земјите од Источна Азија и Океанија, на пример, се неколку пати посреќни од оние на Блискиот Исток.
Најмногу среќници има во Фиџи и Кина. По нив следуваат Филипини, Виетнам, Индонезија и Парагвај.
Најнесреќни се луѓето кои живеат во Ирак.
Истражувањето покажува јасна врска помеѓу приходите и среќата - колку побогати се луѓето независно од нацијата, толку посреќни се.
Во рамките на Европа, економскиот песимизам е најсилно изразен во Италија, Велика Британија и Франција.
Единствено Кореја и Хонг Конг, од земјите кои претрпеле економски и политички потреси во текот на годината, се негативно настроени.
