Кои народи најмногу се плашат од џихадистите?
Европјаните најмногу се плашат од „Исламска држава".
Двајца од тројца европјани ја ставаат „Исламска држава" на прво место, при што 93% од Шпанците, 91% од Французите и 89% од Германците се плашат најмногу од џихадистите. Како други ризици за човештвото ги навеле глобалното затоплување, економската нестабилност и бегалскиот проблем. Ова го покажува репрезентативна студија на американскиот истражувачки центар „Пју", објавена вчера истовремено во Вашингтон и во Брисел.
По терористичките напади во Париз и Брисел само двајца од 10 анкетирани не се загрижени дека џихадистите може да доведат до уништување на Европа. Во исто време големите држави се плашат да употребат повеќе сила против терористите, па така 64% од Германците, 57% од Британците и 51% од Французите се против употребата на воена сила против исламистите.
Двајца од тројца испитаници не сметаат дека Владимир Путин е опасност за ЕУ.
Истражувањето е направено во април и мај и е репрезентативно за ставовите во ЕУ.
Опфатени биле 10 европски држави во кои живеат 80% од населението на ЕУ и претставуваат 85% од европската економија, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија, Полска и Грција.
