Кои држави ја финансираат ИСИС?
Според руските разнузнавачки информации, над 40 земји во светот ја финансираат терористичката организација ИСИС.
Рускиот претседател Владимир Путин ги сподели овие информации и додаде дека меѓу државите-финансиери има и членки од групата на најразвиените земји.
„Дадов примери врз основа на нашите податоци за финансирањето на разни единици на Исламска држава од приватни лица. Овие пари, како што утврдивме ние, доаѓаат од 40 земји, а меѓу нив се и некои од членките на Г-20“, изјави Путин.
Тој порача и дека е неопходно да се намали нелегалната трговија со нафта од страна на ИСИС.
„Им покажав на нашите колеги фотографии снимени од вселената и од авион, кои јасно ја покажуваат големината на нелегалната трговија со нафта и нафтени производи“, рече рускиот претседател.
На Самитот на 20-те економски најразвиени земји во светот, членките се обврзаја на солидарност и соработка во борбата против тероризмот.
Тие планираат ова да го остварат реку прекинување на каналите за негово финансирање, преку размена на информации и замрзнување на имотите на тероистите и остри мерки за санкционирање на режимите кои финансираат тероризам.
