Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои држави имаат најмногу луѓе во затвор?

Кои држави имаат најмногу луѓе во затвор?

Пред 2-3 недели Барак Обама се запиша како првиот американски претседател кој го посетил федералниот затвор.

Таа негова посета беше дел од неделната иницијатива за реформи во судскиот систем во САД , кој цели да го намали големиот процент на Американците кои живеат во некој од илјадниците затвори во земјата.

Во затворите во светот живеат 10,2 милиони луѓе, а ¼ од сите нив се Американци.

Но, САД не е земјата, која располага со најмногу затвореници по глава на жител. 868 на секои 100 000 луѓе во Сејшел се затвореници, а САД се рангираше на второто место со 698 лица на секои 100 000 Американци. Но издржувањето на државните затвореници никако не е евтино.

Еден затвореник во САД годишно ги чини даночните обврзници меѓу 20 и 30 илјади американски долари. Шест пати поверојатно е да се најдете зад решетки во САД, во случај дека сте обоени, и 3 пати поверојатно е, ако сте латиноамериканец.

Карипската земја Сеит Китс и Невис, која е под круната на англиската кралица, е на трето место во светот со своите 611 затвореници на секои 100 000 луѓе.

Следат Вирџинските Острови (4. место), Туркменистан (5. место), Куба (6. место), Руанда (7. место), Ел Салвадор (8. место), Руската Федерација (9. место) и Тајланд (10. место).

Во секоја од овие земји бројот на затворениците по глава на жител е меѓу 450 и 550 лица на секои 100 000.

Од соседниве земји Бугарија е рангирана на 111. место во светот по број затвореници по глава на жител, како 138 на секои 100 000 луѓе кај нив живее зад решетки.

Македонија не е истражувана во листата.

Слично

Поврзани вести