Кои држави до 2030 година ќе имаат повеќе старци од деца?
Во 56 држави во светот старите луѓе ќе бидат повеќе од децата до 2030 година.
Овој момент е регистриран за прв пат во 1995 година во една земја - Италија. Се очекува до 2030 година овие држави да станат 56, а меѓу нив ќе бидат различни економии, како Нов Зеланд и Грузија. До овие заклучоци дојде Џозеф Чејми кој поминува четвртина век во студија на моделите на населението во рамките на ОН во Њујорк, а денес е независен истражувач.
Поранешниот шеф на одделот за демографски студии во ОН го споредува очекуваниот број на деца на возраст под 15 години и оној на постарите лица над 65 години. Истражувањето открива дека не само индустријализираните држави како Германија и Јапонија имаат проблеми со стареењето, туку до пресвртница ќе дојде и Куба и Јужна Кореја во 2020 година Пет години подоцна истото ќе се случи во Тајланд и САД.
Проблемите се јавуваат кога намалената работна сила веќе не успева да ги покрива трошоците за пензионерите.
Ако до пред неколку години се паѓаа по околу 10 вработени на еден пензионер, тоа веќе не е така во Италија на пример, каде што соодносот е тројца работат за еден пензионер.
