Кои девет држави имаат најмногу нуклеарно оружје?
Девет држави во светот кои имаат најголем аренал на нуклеарно оружје се САД, Русија, Кина, Франција, Обединетото Кралство, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја.
Според краткиот пресек на нуклеарно оружје во светот, кое го направи Британски индепендент, најголем потенцијал за целосно уништување на планетата имаат Русија и САД. Највеќе боеви глави со нуклеарно оружје има Русија и тоа 7.300, а зад неа е САД со 6.970. Америка која употребила нуклерано орује против други земји, во 1945 година во Широшима и Нагасаки во Јапонија, троши најмногу на нуклеарно оружје и тоа 20 милјадри долари годишно. Тоа е повеќе од другите земји заедно. Обединетото Кралство има 215, Франција 300 и Кина околу 260 боеви глави. Северна Кореја има 20, но не се знае колку ова оружје е ефикасно.
Арсеналот на Индија и Пакистан се шири, а имаат околу 100 боеви глави. За Израел се проценува дека има 80 боеви глави.
