Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кои дестинации се избегнуваат поради опасност од напади?

Кои дестинации се избегнуваат поради опасност од напади?

Милиони туристи се откажуваат од патувања поради опасноста од напади.

Перспективите на Египет за оживување на туризмот изгледаат слаби, по неколку инциденти и години на политички промени по Арапската пролет во 2011 година. Бројот на посетители надмина 14 милиони во 2010 година, но потоа падна на околу 9 милиони. Се очекува бројот на туристи во Египет да продолжи да опаѓа и во 2016 година.

Тунис- 0ваа мала земја, сместена меѓу Либија и Алжир во Северна Африка, се соочи со речиси 20% пад на посети на меѓународните туристи во првиот на 2016 година, по два терористички напади, кои беа насочени кон туристи. „Исламска држава" ја презеде одговорноста за двата смртоносни напади.

Турција е меѓу најпосетените земји во светот. Таа имала 40 милиони туристи минатата година според Светската туристичка организација на ОН. Но, сега таа се бори со бројни проблеми во туристичкиот сектор, вклучувајќи ги заканите од тероризам и политичките спорови со Русија.

Слично

Поврзани вести