Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кого Путин подготвува за свој наследник?

Кого Путин подготвува за свој наследник?

Рускиот претседател, Владимир Путин го подготвува за свој наследник 43-годишниот генерал Алексеј Домин.

Тој е поранешниот началник на обезбедувањето на рускиот претседател. Во почетокот на февруари претседателот неочекувано го назначи за гувернер на Тулската област. Аналитичарот и писател Јука Малинен вели дека на тој начин Домин ќе учи за граѓанско и економско управување. Самиот Путин пред две недели изјави дека уште е рано да се зборува дали ќе се кандидира за изборите по две години.

„Во вакви ситуации го велам следново: Сега треба да мислиме не за тоа каде и како ќе работиме во иднина, туку како да ја оправдаме довербата на луѓето денес"- рече Путин.

Се смета дека млад човек како Домин би требало да биде апсолутно лојален и зависен од Путин.

Слично

Поврзани вести