Кога соларните електрани не сакаат сонце?
Сонцето е основен предуслов за производство на енергија во соларните електрани. Но тропскиот бран кој ја зафати Чешка во изминатите неколку дена, напротив, ја намали моќноста на овие електрани дури за 10%, потврдиле од Чешката фотонапонска асоцијација.
Главен виновник за ова е сушата, заради која има значително повеќе прашина која паѓа на соларните панели и го намалува нивниот капацитет.
„Во време на високи температури панелите се прегреваат и нивната ефикасност паѓа. На електраната и е потребно големо сончево зрачење, но не и голема топлина“, објаснува претседателот на асоцијацијата Михаел Шмид.
Втор негативен фактор во летните месеци е и магловитоста на небото, која го апсорбира зрачењето и ја зголемува температурата. Додека во Прага, на пример, во идеални денови на квадратен метар паѓаат 1.025 вати сончева енергија, на југот на Чешка пристигнуваат 1.150 вати, а во јужна Европа над 2.000 вати.
Идеално време за соларната електрана е ладно, целосно ведро небо и интензивно зрачење. Производството на енергија во соларните електрани во Чешка лани е намалено за 4,74% и доволно е за да ја покрие потрошувачката на струја на околу 600.000 домаќинства.
Слично
