Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Русија му одговара на НАТО тоа изгледа вака

Кога Русија му одговара на НАТО тоа изгледа вака
Русија значително ќе ја зајакне својата Црноморска флота, чија главна база е на Крим, украинскиот полуостров кој беше анектиран во март годинава, објави денеска руската војска. „Од денеска почнуваме да развиваме моќна Црноморска флота“, објави адмиралот Александар Витко. Според него, флотата ќе се зајакнува со посилна поморска авијација, крајбрежна артилерија, изградба на нови бродови и подморници. Рускиот претседател Владимир Путин вчера најави дека Русија треба да ја обнови воената инфраструктура во Севастопол на Крим, за да ја зајакне одбраната на земјата, во одговор на зајакнатото присуство на НАТО во источна Европа и особено во Црното Море и на Балтикот. Повеќе од 86 милијарди рубљи (1,75 милијарди евра) до 2020 година ќе бидат посветени на развој на Црноморската флота, објави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Руската флота се наоѓа на Крим од 18 век, а во периодот по прогласувањето на независноста на Украина, таа остана таму врз основа на спогодба склучена со Киев.  
Слично

Поврзани вести