КОГА ЌЕ ЗАВРШИ ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ: Еве какви се прогнозите на СЗО
На точно шест месеци откако Светската здравствена организација пропгласи пандемија, од оваа организација велат дека не знаат кога ќе заврши пандемијата на ковид 19.
Сепак, претпоставуваат дека болеста ќе биде ставена под контрола во рок од две години, како што соопшти прес-службата на СЗО.
Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако организацијата првично го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 за пандемија со неколку жаришта.
„Од оваа гледна точка, не можеме да кажеме кога ќе заврши пандемијата, но можно е, со глобални напори и модерна технологија, да биде ставена под контрола за неколку години“, се наведува во соопштението.
Од СЗО истакнуваат дека државите треба да се фокусираат на четири приоритети – спречување на ширење на вирусот, оспособување на луѓето да се заштитат, основите на јавното здравје и заштита на ранливите категории, вклучително и стари лица и лица со посебни потреби.
СЗО исто така смета дека шест месеци по прогласувањето на пандемијата, вирусот остана заразен на ист начин.
