Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА ЌЕ ТИ СЕ ПОСРЕЌИ: Добитник на лотарија двапати за два месеци

КОГА ЌЕ ТИ СЕ ПОСРЕЌИ: Добитник на лотарија двапати за два месеци

Американец (56) од Балтимор минатиот месец за помалку од два месеци освоил 30.000 долари на лотарија, а во средата Државната лотарија на Мериленд објави дека некој освоил 50.000 долари, па се утврдило дека се работи за истиот човек.

Еден жител на Балтимор купувал намирници кога решил да застане на киоск и да купи неколку тикети за лотарија.

Откако освои 50.000 долари во играта Crazy Eight, тој рече дека знае каде ќе ги потроши парите, објави CNN.

„Го гледам тикетот, мислам „ова не е можно“. Ја повикав девојката и и реков да ми каже дека не сум луд. Таа само рече - неверојатно“, раскажа среќниот добитник.

Неговото име не е објавено, но се знае дека работи за „Амазон“.

Тој рече дека размислувал да ја искористи втората зимска добивка на 60-тиот роденден на својата партнерка, бидејќи парот оваа година слави 20 години брак.

Размислува и да купи нов автомобил.

Не беше единствениот кој имаше среќа - на сопственикот на киоскот ќе му биде доделен и бонус од 500 долари, соопшти лотаријата во Мериленд.

Слично

Поврзани вести