Кога ќе го прашаат Џо Бајден за годините, им дава штосен одговор
Погледни ме, вели aмериканскиот претседател Џо Бајден секогаш кога ќе го прашаат за неговата возраст. Тој има 80 години.
Бајден не се изјаснил дали ќе се кандидира во 2024 година за нов мандат. Кога новинарите минатата есен го прашаа дали оди на годишен лекарски преглед, тој на шега одговори – „Навистина мислиш дека ми треба“.
Лекарот по прегледот и официјално изјави дека Бајден е во добра здравствена состојба и е способен да ги извршува обврските. Според анкетата направена кон крајот на февруари, 65 отсто од Американците го сметаат за премногу стар за втор мандат. Сепак, Бајден повремено прави мали шеги на оваа тема меѓу неговите поддржувачи.
Додека зборуваше пред синдикатот на пожарникарите претходно оваа недела, Бајден рече дека првпат го избрале во Конгресот во 1972 година, кога имал малку повеќе коса. Демократскиот претседател дури се осмели да биде ироничен за деликатна тема, како што е операцијата на аневризма на мозокот што ја имаше во 1988 година.
„Мораа да ми го симнат горниот дел од черепот неколку пати за да видат дали имам мозок“, рече Бајден, кого некои републиканци понекогаш го опишуваат како сенилен.
Тој често се сопнува при качување во авион, што поттикнува реакции. Тоа му се случи во Варшава во Полска, но и во САД.foto Facebook
