Економија, финансии, бизнис

Контакт

„КОГА ХИТЛЕР ГО ПОСЕТИ МАРИУПОЛ ЗНАЕШЕ ДЕКА ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА“: Герашченко објави фотографија од 1941

„КОГА ХИТЛЕР ГО ПОСЕТИ МАРИУПОЛ ЗНАЕШЕ ДЕКА ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА“: Герашченко објави фотографија од 1941

По денешната ненадејна посета на Владимир Путин на окупираниот Мариупол, советникот на министерот за внатрешни работи на Украина и самопрогласен борец против руската пропаганда Антон Герашченко потсети на уште еден диктатор кој го посети тој град на истокот на Украина.

Тој на Твитер објави фотографија од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер кој го посети Мариупол во декември 1941 година.

-И друг диктатор го посети Мариупол. И сите знаеме како заврши“, напиша Герашченко.

Фотографијата е придружена со тврдењето дека многу историчари велат дека токму во тој украински град Хитлер сфатил дека војната е изгубена.


Слично

Поврзани вести