Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОГА ДУШАТА ПЛАЧЕ: Каде спијат децата од Сирија? (Галерија)

КОГА ДУШАТА ПЛАЧЕ: Каде спијат децата од Сирија? (Галерија)
Магнус Венман, наградуван фоторепортер од Стокхолм, објави серија срцепарателни фотографии кои откриваат што се случува со децата на Блискиот Исток и на прагот на Европа додека се обидуваат да пребегнат од Сирискиот конфликт. За да ја создаде "Каде спијат децата", тој патувал и фотографирал низ регионите каде овие деца и нивните родители се пребегнати, со цел да ни ја раскаже нивната приказна. “Тие имаат изгубено дел од надежта. Потребно е многу за дете да престане да биде дете и да престане да се забавува, дури и на многу лоши места,“  вели Венман во интервју за СиЕнЕн. Ламар, 5 години, Хоргос, Србија sirija1 Куклите, вовчето и топката се оставени дома, во Багдад. Ламар често зборува за овие предмети, кога ќе се спомне домот. Бомбата променила се. Семејството било на пат да купи храна кога таа паднала блиску до нивната куќа. Веќе не било возможно да се живее таму, вели бабата на Ламар, Сара. По два обиди да го преминат морето од Турција, во мало, гумено, бродче, тие успеале да дојдат до затворените граници на Унгарија. Сега Ламар спие на ќебе во шумата, уплашена, премрзната и тажна. Абдулах, 5 години, Белград, Србија sdklcf Абдулах има заболување на крвта. Последните два дена, тој спиел пред централната станица во Белград. Тој го видел убивањето на неговата сестра во нивниот дом во Дара. "Тој е сеуште во шок и има кошмари секоја вечер", вели неговата мајка. Абдулах е уморен и со нарушено здравје, но неговата мајка нема средства за да му обезбеди лекарства. Ахмед, 6 години, Хоргос, Србија ldskvs После полноќ е кога Ахмед заспива во тревата. Возрасните се сеуште будни, формулираат планови како да излезат од Унгарија, без да се пријават кај надлежните. Ахмед има шест години и сам си ја носи својата торба на грб на долгите и мачни патувања, без никакво превозно средство. "Тој е храбар и плаче само понекогаш во вечерите.", вели неговиот вујко, кој се грижел за Ахмед откако неговиот татко бил убиен во родниот град Деир Ез Зор во источна Сирија. Марам, 8 години, Аман ljgh Осум-годишната Марам штотуку пристигнала дома од училиште, кога ракетата ја погодила нејзината куќа. Парче од кровот паднало точно врз неа. Нејзината мајка ја однела во теренска болница од каде била пренесена со авион преку границата до Јордан.  Повредата на главата предизвикала крварење во мозокот. Првите 11 дена, Марам била во кома. Сега таа е свесна, но има скршена вилица и не може да зборува. Ралија, 7 и Рахаф, 13 години, Бејрут kjbh Ралија и Рахаф живеат на улиците во Бејрут. Тие се од Дамаскус, каде гренада ги убила нивната мајка и брат. Заедно со нивниот татко, тие спијат на улица веќе година. Се туткаат едни во други на картонските кутии. Рахаф вели дека се плаши од "лошите момци", по што Ралија почнува да плаче. Мохад, 5 години, Дар-Ел-Лас kjbkj Мохад и неговата мајка требале да купат брашно за да направат пита со спанаќ. Рака за рака, тие биле на пат кон маркетот во Дара. Поминале покрај такси во кое се наоѓала бомба. Мајката на Мохад  умрела на лице место. Момчето кое било пренесено во Јордан има заглавен  шрапнел во главата, грбот и пелвисот. Вала, 5 години, Дар-Ел-Лас jfkmj Вала која има 5 години зборува за тоа дека сака да се врати дома. Во нејзиниот дом во Алепо,  таа имала своја соба. Таму таа никогаш не плачела пред спиење. Тука во кампот за бегалци, таа плаче секоја ноќ. Таа вели дека кога ќе ја стави главата на перница тоа е ужасно, бидејќи ноќите се ужасни. Тоа е кога нападите се случувале. Преку ден, мајката на Вала често и гради мала куќарка од перници, за да ја научи дека тие не се нешто од што треба да се плаши. Ахмад, 7 години,  Хоргос kg Дури ни сонот не слободна зона, тоа е кога теророт се повторува. Ахмад бил дома кога бомбата ја погодила неговата фамилијарна куќа во Идлиб. Шрапнел го удрил во главата, но тој преживеал. Неговиот помал брат не преживеал. Семејстовото живеело со војната како нивен близок сосед неколку години, но без куќа тие немале избор и биле приморани да пребегнат. Сега Ахмад лежи меѓу илјадници други бегалци на асфалт покрај автопатот кој води до затворената Унгарска граница. Ова е 16тиот ден од нивниот лет. Семејството спиело на автобуски  станици, на улица и во шумата, објаснува таткото на Ахмад. Шираз, 9 години, Сурук kjgithfyj Шираз имала три месеци кога била погодена од силна треска. Докторот дијагностицирал полио и ги советувал нејзините родители да не трошат премногу пари на лекови за девојчето кое “немало шанси“. Тогаш дошла војната. Нејзината мајка, Лејла, почнува да плаче кога опишува како го завиткала девојчето во ќебе и го пренела преку границата од Кобан до Турција. Шираз , која не може да зборува, добила дрвена колепка во кампот за бегалци. Таа лежи таму. Ден и ноќ. Шед, 7 години jlgjgjl Шед обожува да црта, но од неодамна сите нејзини цртежи имаат иста тема: оружја. “Таа ги гледа постојано, насекаде се,“ објаснува нејзината мајка додека девојчето спие на земјата покрај затворената граница на Унгарија. Сега таа веќе не црта воопшто.  Семејството не понело ни хартија, ни боички на летот. Шед веќе не си ни игра. Конфликот ги приморал децата да станат возрасни и со нивда ги делат грижите за тоа што се случува од час на час. Семејството имало потешкотии да пронајде храна за време на нивното талкање. Некои денови, морале да се задоволат и само со јаболка кои ги береле по патот. Ако семејството знаело колку ќе биде тешко ова патување, ке ги ризикувале животите во Сирија. Амир , 20 месеци, Захле Фајда ;koh;kh Амир е роден како бегалец. Неговата мајка верува дека син и е трауматизиран уште додека бил во матката. “Амир никогаш нема прозборено ни збор,“ вели Шахана, 32. Во пластичниот шатор каде семејството живее, Амир нема играчки, но тој си игра со она што може да го најде на земјата. “Тој многу се смее, иако не зборува,“ вели неговата мајка. Јулиана, 2 години, Хоргос, Србија ;kk;h Температурата е 34 степени Целзиусови. Мувите лазат по лицето на Јулиана и таа немирно се превртува во нејзиниот сон.  Семејството на Јулиана пешачи низ Србија веќе два дена. Ова е последната фаза  од бегството кое започна пред три месеци. Нејзината мајка ја покрила со тенок шал додека таа спие на земјата. Неколку метри од нивното одмаралиште, се слушаат чекори од бесконечната река од  луѓе. Фара, 2 години, Азрак Фара сака фудбал. Нејзиниот татко пробува да и направи топка од се што може да најде, но топките не траат долго. Секоја вечер, тој им кажува добра ноќ на Фара и нејзината голема сестра Тисам, 9, со надеж дека утрото ќе им донесе соодветна топка со која ќе може да си играат. Сите други желби и соништа се надвор од неговиот дофат, но тој не се откажува од оваа. lkhkh;k Р.Ф.
Слично

Поврзани вести