Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога Британија ќе го напушти европското семејство?

Кога Британија ќе го напушти европското семејство?

На 1 јануари 2019 година Британија ќе го напушти европското семејство.

Британскиот министер за меѓународната трговија, Лиам Фокс го одреди 1 јануари 2019 како датум за излез на Велика Британија од Европската унија. Пред да биде назначена за премиер, Тереза Меј изјави дека не планира да го активира член 50 пред крајот на годината, додека Европската комисија одбива да започне преговори без да го исполни тој предуслов. При првата посета во Единбург, Меј кажа дека ќе вложи напори најнапред за унифицирање на пристапот на Велика Британија по прашањето, имајќи предвид дека 62% од жителите на Шкотска се изјасниле за останување во ЕУ.

Лондон ќе го активира до крајот на годинава член 50 на Лисабонскиот договор, со кој официјално ќе ја објави волјата на својата земја да ја напушти ЕУ и да го постави почетокот на двегодишниот период на преговори. 1 јануари 2019 е датумот на кој работиме, вели за The Sunday Times познатиот евроскептик Фокс, чија задача ќе биде развојот на врските со земјите надвор од Унијата.

Тој вели дека веќе почнал неофицијални разговори со неколку земји, меѓу кои Канада, со цел склучување на договори за слободна трговија, иако Лондон не може да потпише ниту еден пред да ја напушти унијата.

На референдумот во јуни 51,7% од гласачите беа за излегување, а 48,3% за останување во унијата.

Се предвидуваше дека излегувањето од ЕУ може да трае со години.

Слично

Поврзани вести