Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кога банкарите медитираат…

Кога банкарите медитираат…
Светските моќници кои се собраа за да расправаат за преобликувањето на светот, можеа да се ослободат од натрупаниот стрес и замор со помош на сеанси медитација. А бидејќи во Давос се слеа целиот крем на банкари и бизнисмени, ниту инструкторот не можеше да биде било кој, туку американската глумица и оскаровка, Голди Хоун. И бидејќи тој ден беше најавено обраќањето на претседателот на Иран, Хасан Рохани, 68-годишната глумица немаше никаков проблем да го привлече вниманието на учесниците на собирот. Делегатите дојдоа во голем број, а оние кои не успеаја да влезат во салата, не го криеја своето разочарување. По кратката сеанса релаксација, холивудската ветеранка на присутните им говореше за својата фондација која им помага на децата ширум светот во развивањето на позитивно мислење по пат на медитација. Медитацијата, кога се практикува од најрана возраст, им помага на децата да стекнат самосвест и ги спречува подоцна да влезат во деликвенција, навела Хоун. Глумицата ги повикала учесниците на форумот да се концентрираат и да промовираат интеракција во општеството. „Мораме да се слушаме едни со други и внимателно да го чуваме нашето општество како целина, бидејќи во спротивно ќе создадеме свет во кој нема да биде убаво да се живее“, истакнала оскаровката, пренесува АП.   А.А.
Слично

Поврзани вести