Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кобане се подготвува за погребот на 3-годишниот Ајлин

Кобане се подготвува за погребот на 3-годишниот Ајлин

Светот продолжува да коментира за шокантните работи на кризата со имигрантите и сликата на тригодишното курдско момче најдено удавено на турското крајбрежје.

Оваа ноќ ковчезите на Ајлин Курди, поголемиот брат Галиб и 27-годишната нивна мајка Рехан пристигнаа во родниот град Кобане каде телата ќе бидат погребани. Тројцата се удавија во обид да стигнат до грчкиот остров Кос.

Во меѓувреме Канада соопшти дека не добила барање за азил од родителите на детето, ниту од другите членови на неговото семејство. Молбата била вратена, бидејќи била некомплетна и не се почитувале законските барања за докажување на статусот на бегалец.

Тема Курди, сестра на Абдулах, кој е татко на двете деца, признал дека одбивањето од Канада за барање на азил важело и за другиот негов брат Мухамед и на неговото семејство.

Слично

Поврзани вести