Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кобахиџе најави дека Грузија нема да го признае референдумот во Јужна Осетија

Кобахиџе најави дека Грузија нема да го признае референдумот во Јужна Осетија

Грузија нема да го признае референдумот за присоединување на Јужна Осетија кон Русија. 

Првиот човек на грузиската владејачка партија Иракли Кобахиџе денеска соопшти дека имаат јасен став и дека нема да признаат друга Влада во Јужна Осетија. 

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија на 17 јули ќе одржи референдум за припојување кон Русија.

Москва ги призна независноста на Јужна Осетија и на крајбрежните региони на Абхазија, по кратката војна со Грузија во 2008 година, им обезбеди дарежлива финансиска помош, на жителите им понуди руско државјанство и ги распореди своите војници.

Слично

Поврзани вести