Коалицијата напаѓа паралелно и во Ирак и во Сирија – на удар рафинериите!
Американски и арапски бобрени авиони денеска трет ден по ред ги гаѓаа рафинериите под контрола на Исламската држава во Сирија. Целта е да се ослабне финансиски џихадистичката организација, која се потпира на приходите од нафта од заземените нафтени полиња.
Во меѓувреме, САД и Франција го одржуваат притисокот и продолжуваат со нападите врз позиции на џихадистите во Ирак. Цел на денешните напади бил и командниот центар на Исламската држава во источниот сириски град ал-Маџадин
Од почетокот на нападите, само во Сирија потврдена е смртта на 40-тина џихадисти. Во меѓувреме Европа стравува од одмазднички акции на европска територија.
Бројот на граѓани на ЕУ мкои им се приклучиле на џихадистите во Ирак и Сирија драматично пораснал во последните месеци и сега се проценува дека ги има преку 3.000.
Експертите претпоставуваат дека зголемувањето на бројката е поврзано со прогласувањето на калифатот на Исламската држава, како и со големиот публицитет што го добива оваа терористичка организација заради обезглавувањето на заложници.
„Оние кои веруваат во Исламската држава одат таму“, предупреди координаторот на ЕУ за тероризам Жил де Кершов и ги повика европските земји да преземат серија мерки за да спречат џихадот да се префрли на европска територија.
Во Брисел е зголемено обезбедувањето на објектите на европските институции, откако медиумите објавија дека полицијата спречила обид за терористички напад во главниот град на ЕУ. Градоначалникот на Брисел Иван Мајор вели дека терористичката закана за овој град е „конкретна и многу реална“, особено ако се знае дека од војните во Ирак и Сирија во Белгија се вратиле околу 1.000 белгиски државјани.
Слично
